Азиска репрезентација се откажа од учество на СП 2022 поради коронавирусот!

Северна Кореја

Репрезентацијата на Северна Кореја нема да биде дел од квалификациите за Светското првенство поради загриженост во врска со коронавирусот.

Првиот човек на федерацијата испрати официјално соопштение до азиската фудбалска конфедерација, која допрва ќе ја разгледува оваа одлука.

Според многумина ова е политичка одлука на надлежните органи. Севернокорејците требаше да играат во квалификациска група заедно со Јужна Кореја, Туркменистан, Либан и Шри Ланка.

Безбедноста на спортистите го натера тамошниот олимписки комитет да ги повлече учесниците на претстојните Олимписки игри во Токио.