Азербејџански клуб исфрлен од Европа поради сомнежи за наместени натпревари!

Азербејџанскиот клуб Туран нема да настапува во Конференциската лига, откако УЕФА одлучи да го исфрли од еврокуповите поради сомнежи за наместени натпревари.

Иако Туран го освои третото место во домашното првенство и обезбеди пласман во евроквалификациите, УЕФА реши дека клубот не ги исполнува условите за учество. 

Од клубот тведат дека одлуката на УЕФА се однесува на настан од 2019 година, кога Фудбалската федерација на Азербејџан суспендираше седум фудбалери поради „местенки“ во националниот шампионат. 

Туран најави дека ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (ЦАС), очекувајќи дека ќе добие одлука во своја полза, односно дека ќе има можност да ја претставува својата земја во европски рамки.