ВИДЕО: Азербејџан до пресврт, Гурбанли со глава го матира Шишковски

Репрезентацијата на Азербејџан поведе со 1-2, комплетирајќи го пресвртот против Македонија на Националната арена „Тодор Проески“. 

Избраниците на Благоја Милевски не издржаа со десетмина на дождливиот терен во Скопје. По еден корнер од левата страна, во 65. минута со глава погоди Муса Гурбанли за пресврт. 

Македонската репрезентација има речиси половина час за враќање во натпреварот, меѓутое Милевски мора да експериментира со тимот пореди црвениот картон на Бобан Николов.