• Мартин Танасковски

Заврши есенската полусезоната во македонскиот фудбал, Вардар е есенски шампион и е без пораз, а навивачите го избраа најдобриот играч.
Во анкета спроведена на социјалната мрежа „Инстаграм“, првото место го освои напаѓачот Азер Омерагиќ. Центарфорот во битката за најдобар играч на полусезоната заврши пред Матиќ, Најдовски, Босанчиќ, Мато...
Напаѓачот кој е капитен на црвено-црните во натпреварите оваа сезона постигна единаесет гола во сите конкуренции и е втор најдобар стрелец на екипата зад Роџерс Мато, а имаше и четири асистенции.

