• Мартин Танасковски
Капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, успеа да помогне да се постигне гол за македонскиот шампион на гостувањето против КуПС (0-1) во реваншот од квалификациите за Лигата на шампионите во кој вардарци бркаат два гола негатива.
Течеше 59. минута од мечот, кога Бобан Николов го проигра капитенот на вардарци, а тој успеа да погоди во мрежата на ривалот со помош на дефанзивецот Саку Саволаинен на кого му беше препишан овој погодок подоцна како автогол. И тоа баш на својот 24. роденден, помогна за многу важен гол за тимот со кој се останува во игра за следна фаза на ЛШ.
Погодокот беше прегледуван со ВАР од страна на шкотските судии, но остана одлуката дека се е регуларно. За Вардар ова е прв европски гол во новата сезона.










