ВИДЕО: Азар во последната минута го спаси Челзи од дебакл против „волците“

„Убиецот“ на гиганти во Премиер лигата, Вулверхемптон за малку целосно ќе го шокираше и Челзи и тоа на денот на 114-роденден на единствениот лондонски освојувач на Лигата на шампионите. „Волците“ примија гол во надополнувањето и наместо три, освоија едeн бод, Дуелот заврши 1-1, со два гола во вториот дел, па Челзи остана во борбата за влез во Лигата на шампионите. 

Сари му даде шанса на Игуаин во стартниот тим, но „сините“ цело прво полувреме мака мачеа да го пробијат бедемот на „волците“, а ги стигна и умор од натпреварот во четвртокот против Динамо Киев.

Момците на Нуно Еспирито Санто стрпливо ја чекаа својата шанса, поставија двоен блок пред Руи Патрисио и скоро ништо не ризикуваа. Во 58. минута својата можност ја дочека мексиканскиот напаѓач Раул Хименез и побегна во контра, а при ударот кон голот, топката го погоди Асполикуета и го измани Кепа (0-1).

Сари веднаш повлече потези од клупата и со внесувањето на Хадсон -Одои и Вилиан, домаќините го подигнаа нивото на игра. Пртугалскиот голман Руи Патрисио прекрасно одбрани и го прочита Вилиан. Но, Вулверхемптон не се одбрани до крај и во втората минута од судиското надополнување, Азар со инвидуална мајсторија со удар од работ на казнениот простор израмни на 1-1.

И во петтиот натпревар во Лондон сезонава, Вулверхемптон не загуби, но попладнево може да жали дури и што не победи.