Азар уште недојден веќе е критикуван: Белгиецот пуштил стомак и качил неколку килограми

В четврток се очекува конференциската сала и „Сантијаго Бернабеу“ да бидат преполни од новинари и симпатизери, бидејќи Реал Мадрид ќе го претстави најскапото засилување во летниот преоден рок и заедно со Бејл во историјата на клубот, Еден Азар.

По добрата сезона, зачинета со трофеј од Лига Европа со Челзи, и два натпревари со белгиската репрезентација, Азар доаѓа во Мадрид со препорака на „галактикос“. Но, некои медиуми во Мадрид деновиве лансираа аларм за физичката подготвеност на Азар.

Имено, од фотографиите на Азар во дресот на Белгија, се забележува дека креативецот ставил некое кило повеќе и критиката на Пиринеите тоа нема да му го прости.

Иако многумина се смееја на написите дека Азар е дебел, некои фанови веќе почнаа да го критикуваат. Реал Мадрид плати 100 милиони евра, а целосниот трансфер, вклучувајќи ги и бонусите, може да достигне до 140-150 милиони евра.