Азар се „газеше“ од смеење со играчи на Челзи додека другите тагуваа за крајот во ЛШ!

Еден Азар повторно се најде на удар на навивачите на Реал Мадрид. Белгиецот се врати во стартниот тим, играше на „Стемфорд Бриџ“ против поранешниот тим Челзи, а по средбата, очигледно, беше доста добро расположен што пак е во Лондон.

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Челзи (0-2) и ја заврши авантурата во ЛШ. Скоро сите играчи на „кралскиот клуб“ тагуваа за елиминацијата од омиленото натпреварување, но не и Азар, кој се шегуваше со поранешните соиграчи од Премиер лигата.

Азар имаше меч за заборав затоа што кај медиумите ја доби една од најниските оценки за изданието на теренот.