Азар: Попрво би загубил со оваа Белгија, отколку да победам со таа Франција

Азар Канте

Најдобриот фудбалер на белгиската репрезентација, Еден Азар, беше разочаран од резултатот на вчерашното полуфинале, но и од играта на противникот.

Членот на Челзи смета дека „триколорите“ на Дидие Дешамп играле анти-фудбал и дека тој не би сакал да извојува таков вид на победа.

„Едноставно играат анти-фудбал. Нивниот напаѓач постојано беше на 30 метри од својот голман, нешто што никогаш го немам искусено во Челзи. Повеќе би сакал да загубам против Бразил кој секогаш сака да се надигрува и покажува дека е подобар противник од ривалите. Франција не е подобра од нас и затоа овој пораз боли. Едноставно имаат премногу квалитетни индивидуалци и тоа на крај беше пресудно“, изјави 27-годишниот офанзивец.

Азар рече дека е горд на својата репрезентација и постигнатиот успех, но не и задоволен од начинот на кој што се заврши Мундијалот во Русија.