Азар: Немав намера да навредам некого, сон ми беше да играм за Реал!

Белгискиот фудбалер Еден Азар се најде во фокусот на вниманието по натпреварот меѓу Челзи и Реал Мадрид, затоа што членот на „кралевите“ се забавуваше со играчите од лондонскиот тим по елиминацијата од Лигата на шампионите, додека неговите соиграчи тагуваа.

Фановите на шпанскиот гигант го распнаа играчот на социјалните мрежи, му порачаа дека може слободно да си замине поради неговиот однос, а исто така Азар се најде на тапет и кај медиумите.

>>> Азар се „газеше“ од смеење со играчи на Челзи додека другите тагуваа за крајот во ЛШ!

Ден по мечот, Азар се огласи и ја кажа својата страна на приказната.

„Се извинувам. Читам многу работи за мене и сакам да кажам дека немав намера да ги навредам фановите на Реал Мадрид. Отсекогаш ми беше сон да играм за овој клуб и дојдов тука за да победувам. Сезоната не е готова и заедно мора да се бориме за Примера. Хала Мадрид!“, напиша Азар.

Азар е поранешен фудбалер на Челзи, па не треба да изненадува блискоста која ја покажа на „Стемфорд Бриџ“ со членовите на противникот, ама, одбра лош момент за такво нешто - пред камерите.