• Мартин Танасковски
Винисиус Жуниор повторно е во центарот на медиумската дебата. Во време на славја, контроверзии и постојан притисок на теренот, фудбалерот на Реал Мадрид доби поддршка од авторитетен глас кој добро ја познава атмосферата во соблекувалната на „кралевите“, Еден Азар.
Во интервју за белгиската телевизија, поранешниот играч на мадридскиот клуб размислуваше за средината што го опкружува Бразилецот и испрати порака со која повика да се намали вревата околу него.
„Тој е само човек кој го сака фудбалот и сака само да се забавува. Сега повеќе се зборува за тоа што прави или што му се случува, отколку за неговиот придонес. Тој знае дека ништо не се случува кога станува збор за санкциите. Тоа мора да е товар, нема да се изненадам ако на 30 години каже дека заминува, дека се откажува од фудбалот, затоа што ништо не се менува“, додаде Азар.
Поранешниот играч ја спомена и легендата Роналдињо за да го стави во контекст дебатата околу бразилската ѕвезда на Реал Мадрид и испрати порака до Вини.
„И тој танцуваше, а не се сеќавам да имаше толку приказни околу тоа. Играј како што сакаш, забавувај се. Внимавај, луѓето те гледаат. Кога танцуваш, танцувај на начин што ќе им се допадне“, истакна Азар.
Изјавата на Азар доаѓа во пресрет на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити во Лигата на шампионите, кој се игра од 21:00 часот.











