Азар нема да биде дел од експедицијата на Реал за дуелот со Хетафе

Зинедин Зидан ја откри листата фудбалери со кои ќе се обиде да стигне до нови три бода против Хетафе.

На неа нема место за ѕвезденото засилување Еден Азар кој ќе биде поштеден во пресрет на остатокот од сезоната во Примера. На негово место, во офанзивната линија, се враќаат Лукас Васкез и Лука Јовиќ.

Исто така во конкуренција за настап ќе бидат уште Мени и Модриќ. Ова треба да биде лесно гостување за Реал Мадрид, ако се земе предвид формата на тимот од престолнината.

„Кралевите“ ја искористија секоја прилика и се вратија на врвот на табелата, поради многуте лоши резултати на Барселона. Титулата е блиску да се врати во Мадрид, а ќе зависи од тимот на Зидан и нивниот учинок до крајот.