Азар: Не знам дали финалето ќе биде мојот последен меч за Челзи

Азар

Првата ѕвезда на Челзи, Еден Азар, го постигна пеналот со кој екипата се избори за финале во Лига Европа.

Сепак, шпекулациите велат дека белгискиот репрезентативец е блиску до преселба во Реал Мадрид, нешто што и самиот не сака да го потврди, ниту да го одрекне.

„Не мислам на тоа. Во главата ми е само успех со оваа екипа. Не знам дали финалето во Лига Европа ќе биде мојот последен натпревар за овој клуб. Ќе се обидам да донесам трофеј во Челзи. Знам дека постои интерес од Реал, но моментално јас сум фокусиран само на финалето во Баку“ , вели 28-годишникот.

Зинедин Зидан зборува за неговите квалитети од деновите кога ги бранеше боите на Лил, а ова лето побара од својот претседател да му го донесе на „Сантијаго Бернабеу“,

Мечот за титулата во Лига Европа се игра на 29 мај во Азербејџан, а противник на „сините“ ќе биде Арсенал.