Азар не патува за Виго, ќе го одложи дебито во Примера

Еден Азар

Најголемото засилување на Реал Мадрид, Еден Азар, нема да биде дел од составот на првиот натпревар во новата сезона од Ла Лига.

Мадриѓани гостуваат кај Селта Виго, а белгискиот интернационалец ќе биде отсутен поради повреда на ногата. Истата ќе го натера да прави пауза од неколку недели.

Ова се лоши вести за фудбалерот, но и за Зинедин Зидан, кој ќе има приоритет да ја врати титулата во домашното првенство во витрините на „Сантијаго Бернабеу“.

Шанса на неговото место во составот ќе бараат Винициус јуниор, Герет Бејл, Џејмс Родригез, Лука Јовиќ и Лукас Васкез.

Мечот на „Балаидос“ се игра в сабота со почеток од 17:00 часот.