Азар: Мојата прва сезона во Реал беше катастрофална, но...

Азар

Еден Азар конечно го прекина молкот и зборуваше за првата сезона како член на Реал Мадрид. Фановите се целосно разочарани од неговата форма, која му донесе многу повреди и често отсуство од натпреварите.

Белгискиот интернационалец, кој пристигна од редовите на Челзи, е свесен за ситуацијата во која што се наоѓа, но вети дека ќе биде подобар во втората сезона.

„Мојата прва сезона во Реал беше катастрофална, но не треба да се заборави дека истата ми овозможи да се адаптирам. Ќе ми се суди по играта во втората сезона. Мое ќе биде да се вратам во форма и да ги покажам моите квалитети“, изјави 29-годишникот.

„Кралевите“ се засилија со офанзивецот минатото лето за сума од сто милиони евра. Договорот меѓу двете страни е во трајност од пет години.

Азар одигра само десет меча во Примера во тековната сезона и постигна само еден погодок и направи една асистенција. Бројки кои се далеку од неговите најдобри денови во Премиер лигата.