Азар: Моето прво сеќавање на Реал е волејот на Зидан против Баер Леверкузен

Реал Мадрид го претстави и Еден Азар пред 55.000 навивачи на „Сантијаго Бернабеу“ и потврди дека сериозно размислува за враќање на врвот во Шпанија и Европа.

Белгискиот репрезентативец доаѓа во „кралевите“ на 28 години, а ќе има можност да соработува со својот фудбалски идол, Зинедин Зидан.

„Овој дрес за мене значи многу. Реал Мадрид е најдобриот клуб на светот. Тешко ми е да опишам што чувствувам.

Започнав да гледам фудбал поради Зидан. Јас сум од Белгија, но патував во Франција за да го гледам. Сега ќе можеме заедно да се бориме за успеси, што е фантастична опција за мене. Моето прво сеќавање на Реал е токму волејот на Зизу во финалето на Лигата на шампионите“, вели Белгиецот.

Новата ѕвезда на мадриѓани веќе размислува да освои голем број на титули со клубот од соништата.