Азар како Џордан и Леброн, на грбот ќе носи број 23

Еден Азар

Новото засилување на Реал Мадрид, Еден Азар, конечно ја реши дилемата и откри кој број ќе го носи наредната сезона.

Кога веќе бројот 10 е зафатен и му припаѓа на Лука Модриќ, белгискиот интернационалец направи изненадувачки избор. Тој ќе има 23 на својот грб во првата сезона во редовите на „кралскиот“ клуб.

Офанзивецот реши да ја одбие митската „седумка“ која во минатото ја носеа имиња како Раул, Бутрагењо, Кристијано Роналдо...

Азар е голем фан на кошарката, па оваа бројка асоцира на легендарните Мајкл Џордан и Леброн Џејмс