ФОТО: Азар ја зеде „седумката“, во Мадрид веќе се продаваат и дресови!

Најавениот трансфер на Еден Азар од Челзи во Реал Мадрид е пред реализација. Фудбалерот е во Шпанија, а во наредните денови треба да парафира договор со „кралевите“ и да има презентација пред медиумите.

Навивачите се во исчекување на големиот трансфер. Веќе можат да си набават и дрес, затоа што во официјалниот фан-шоп на „кралевите“ забележан е дрес од Еден Азар, со бројот седум.

Трансферот на Азар од Челзи во Реал Мадрид ќе чини 100 милиони евра, а со додатни бонуси, сумата којашто „кралевите“ ќе треба да ја платат ќе изнесува нешто околу 130 милиони евра.

Азар во тимот доаѓа да ја пополни дупката која постои по заминувањето на Кристијано Роналдо во редовите на Јувентус.