ВИДЕО: Азар изведе слалом како Меси за супер-гол за Челзи!

Фудбалерите на Челзи во рамките на 33. коло на „Стемфорд Бриџ“ доминираат против тимот на Вест Хем, а по 25 минути игра и успеаја да го скршат отпорот на „чеканите“.

Еден Азар во стилот на Лионел Меси мина низ неколку противнички фудбалери и рутински го матира гостинскиот голман, за водство од 1-0.

Погледнете ја соло-акцијата на Белгиецот, која веднаш предизвика одушевување:

Денешниот погодок за Азар е негов 15-ти оваа сезона во Премиер лигата, а собра уште и 12 асистенции.