Азар го надмина Кристијано Роналдо по бројот на голови во Премиер лигата

Најдобриот фудбалер на Челзи, Еден Азар синоќа запиша нови два гола во Премиер лигата и беше најзаслужен за победата против тимот на Вест Хем.

>>> ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Азар изведе слалом како Меси за супер-гол за Челзи!

По овие два гола Белгиецот стигна до бројка од 85 голови во елитното англиско натпреварување и воедно го надмина Кристијано Роналдо, кој од Премиер лигата замина со 84 постигнати голови. Токму Азар се споменува како вистински наследник на Кристијано Роналдо во тимот на Реал Мадрид, тим кој нема лидер по заминувањето на Португалецот во Јувентус.

Оваа сезона 28-годишниот Азар постигна 16 гола и запиша уште 12 асистенции на натпреварите од Премиер лигата.