„Азар е хорор, тој е промашување и полош е дури и од Бејл“

Азар Бејл

Еден Азар наиде на големи критики откако пристигна во Реал Мадрид. Најпрво сите му замеруваа за вишокот на килограми, а сега никој не верува дека ќе успее да се вклопи во тимот на Зинедин Зидан.

„Азар е целосно промашување. Тој е хорор и полош е дури од Бејл. Можеби погрешивме што не верувавме во Герет“ , вели шпанскиот новинар Сантијаго Сегурола.

Се работи за име кое своевремено беше дел од најпознатите медиуми блиски до мадриѓани, „АС“ и „Марка“.

Ако се земе предвид дека постои конфликт на релација Зидан-Перез, тогаш се предвидува нова променлива сезона од „кралевите“. Францускиот тренер би можел сега засекогаш да си замине бидејќи претседателот инсистира на Нејмар, а не на Пол Погба, неговата најголема желба ова лето.