ВИДЕО: АЗ со играч помалку се спаси против Партизан, Рома убедлива во Турција

Фудбалерите на Партизан беа влиску до големо изненадување на денешните средби од Лига Европа. Српскиот гигант не успеа да слави на тешкото гостување во Холандија кај АЗ Алкмаар (2-2) во рамки од групата Л и отпадна од конкуренцијата за пласман во нокаут фазата, во пресрет на последното коло во групната фаза.

Во 16. минута беше постигнат првиот погодок во домашната мрежа. Асано одлично ја исконтролира топката и смирено ја смести зад грбот на противничкиот голман. Токму тој беше виновникот за втората реализација на „црно-белите“, кои пред паузата стигнаа до 0-2 со голот на Сума.

  • АЗ Алкмаар - Партизан 2-2: 

И покрај доминацијата во поле на АЗ, гостите беа тие кои имаа поконкретни шанси и во второто полувреме. Нивните напади се базираа на контра нападите, преку кои долго време го чуваа водството, но попуштија во завршните моменти, кога Друјф погоди двапати за конечни 2-2. 

Супер-неизвесната група Ј има нов лидер во екипата на Рома. Екипата на Пауло Фонсека стигна до гостински триумф кај Истанбул Башакшекир (0-3) и се искачи на врвот на табелата. Верету од пенал го отвори турскиот прволигаш, а Клајверт и Џеко обезбедија недостижна предност на римјаните.

  • Истанбул Башакшекир 0-3: 

Вториот натпревар од оваа група, Борусија Менхенгладбах беше поуспешна од Волфсбергер (0-1). Бундеслигашот ќе влезе во последното коло со исто бодови колку и Рома.

  • Волфсбергер - Борусија Менхенгладбах 0-1: 

Вулверхемптон ремизираше кај Брага (3-3) во директниот дуел за првата позиција на табелата во групата К. Иако имаа одлична предност, „волците“ примија два брзи гола во завршницата и го загубија првото место во групата.

  • Брага - Вулверхемптон 3-3: 

Слован Братислава со пораз си замина од мечот со отпишаниот Бешикташ (2-1) и со тоа ги загуби шансите во последното коло да се замеша во борбата за првите две места.

  • Бешикташ - Слован Братислава 2-1:

Последното шесто коло од групната фаза на Лига Европа се игра на 12 декември.