ВИДЕО: АЗ Алкмаар го наполни голот на Астана и остана во игра за европска пролет

По двете реми средби на стартот против Партизан и Манчестер Јунајтед, екипата на АЗ Алкмаар прокнижи шест бода од двомечот со Астана, во рамки од четвртото коло од групата Л на Лига Европа. 

Холандскиот тим игра во одлична форма оваа сезона и се наметна за сериозен кандидат за европска пролет, а тоа дополнително си го овозможи по денешната убедлива победа во Казахстан

На „Астана Арената“, АЗ Алкмаар ја наполни мрежата на домашната екипа и со победата од 0-5 се врати на лидерската позиција на табелата во оваа група во пресрет на вечерашниот меч на „Олд Трафорд“ меѓу Манчестер Јунајтед и Партизан. 

Во дресот на гостите блескаше 18-годишниот напаѓач Мирон Боду, кој беше двоен стрелец, а за АЗ Алкмаар погодија уште Мидтсјо, Идризи, Чатзидиакос. 

Со овој пораз Астана и математички остана без шанси за елиминациона фаза на Лига Европа, затоа што е закована на дното на табелата без бодови.