ВИДЕО: Автогол на Тунижаните го одведе Сенегал во финалето на КАН

Селекцијата на Сенегал која ја води Алу Траоре е првиот финалист на Купот на Африканските нации кој се одржува во Египет. Во драматично прво полуфинале, во кое за да се добие победникот беа потребни продолженија, Сенегалците го совладаа Тунис со 1-0.

Единствениот гол беше неснаодливоста на Дилна Брон кој ја погоди сопствената мрежа во 100-тата минута од натпреварот, по слободен удар и нерешеителност на тунискиот голман. Претходно Сенегал беше поактивен, но свои шанси имаа и Тунижаните.

Во 75. минута Саси не успеа пеналот за Тунис да го претвори во гол, а шест минути подоцна најстрога казна не реализира ни Сенегалецот Саивет.

  • Извештај од натпреварот: 

Победникот од второто полуфинале меѓу Нигерија и Алжир ќе биде противникот на Сенегал во натпреварот за африканска титула.