ВИДЕО: Автогол на Мегваер во островскиот јубилеј, Германија без Флик ја „реши“ Франција

Фудбалските селекции на Англија и Шкотска вечерва ја одбележаа 150-годишнината од ривалството кое датира од 1872 година, кога двете репрезентации го одиграа првиот натпревар меѓу себе, а истиот се смета дека е најстариот меѓународен натпревар во светот. 

На „Хемпден Парк“ поуспешни беа избраниците на Герет Саутгејт. „Гордиот Албион“ одигра одлична партија и на крај славеше со 1-3. Головите за европскиот вицешампион ги постигнаа Фоден, Белингам и Хари Кеј, додека единствениот за Шкотите беше дело на Хари Мегваер, кој на стартот од вториот дел само што влезе во игра си постигна автогол.

Вечерва се одигра уште еден пријателски натпревар и тоа исто така меѓу два големи ривали. Светските шампиони од пред осум и дванаесет години, Франција и Германија, се судрија во Дортмунд, а победа извојува домашната селекција, со резултат од 2-1 (1-0).

Резултатот го отвори Томас Милер по само четири минути игра, а на 2-0 во 87. минута зголеми Лерој Сане. Конечните 2-0 ги постави Гризман од пенал. Ова беше прва победа на Германија на последните шест натпревари, а исто така прва по заминувањето на сега веќе екс-селекторот Ханси Флик.