ВИДЕО: Автогол го израдува Сент Етјен по седум порази во Лига 1

Екипата на Сент-Етјен успеа да ја прекине црната серија на домашната сцена. Тимот победи на гостувањето кај Анжер (0-1) но и покрај тоа е далеку од опстанокот затоа што останува на дното во Лига 1.

Сент-Етјен игра ужасна сезона, а последен пат пред овој натпревар победи пред седум натпревари. Има 15 бода на своето конто и првото безбедно место е на пет бода, што значи дека тимот предводен од тренерот Дупраз ќе мора да фати ритам ако сака опстанок.

  • Извештај од натпреварот:

Што се однесува до дуелот во Анжер, го реши еден автогол. Сент-Етјен ги прокнижи трите бода откако во 43. минута си постигна стоперот Батиста Менди.

Сент-Етјен во следната рунда го чека домашен меч со Монпелје, додека Анжер има тешко гостување кај Марсеј.

Состави

Alexandre Dujeux

3-5-2

    Pascal Dupraz

    4-4-2