Австрискиот ЛАСК потпиша со легендарниот стопер на Баерн Минхен

Искусниот дефанзивец Жером Боатенг потпиша договор со екипата на ЛАСК Линц и пристигнува како слободен играч од Салернитана. 

Германскиот фудбалер немаше светла етапа во Италија и минатата сезона настапи на само седум натпревари, а во ЛАСК се очекува да го пренесе своето искуство и да биде огромно засилување за одбраната. 

Боатенг е легенда на Баерн Минхен, каде одигра 229 натпревари, а во кариерата настапуваше уште за Херта, Хамбургер, Манчестер Сити и Лион.