• Зоран Мишевски
Австрискиот фудбалер Гуидо Бургшталер е во центарот на вниманието на австриската јавност, но не заради неговите фудбалски квалитети. Бургшталер има сериозни повреди на главата и фрактура на јаболчницата, откако беше нападнат во центарот на Виена.
Според информациите, кој ги пренесе неговиот клуб Рапид, 35-годишниот напаѓач бил удрен и соборен од засега непознато лице, при што паднал и си ја повредил главата.
За инцидентот кој се случи викендов имало и сведоци. Поранешниот репрезентативец на Австрија, следните неколку денови ќе ги помине во болница и најверојатно нема да може да игра фудбал со месеци.
Рапид Виена не изнесе повеќе детали за инцидентот и објасни дека го почитуваат личниот живот на Бургшталер и неговото семејство.