• Иван Димовски
Австрискиот прволигаш ТСВ Хартберг стана вистински хит откако го промовираше дресот за новата сезона.
Јавноста беше изненадена и пред стартот на минатата сезона во која Хартберг имаше 15 различни спонзорски логоа, а што да се каже сега кога бројката дополнително се зголеми. Имено, на горниот и долниот дел од дресот има вкупно 23 различни спонзори, што иако е тешко да се одреди можеби е рекорд.
На дресовите на Хартберг има спонзори од многу различни бранши, буквално за сечиј вкус. Потегот на овој австриски клуб кој требаше да биде насочен кон „преживување“ со текот на годините стана хит во светот на фудбалот.
Ваквите дресови, односно со голем број на спонзори се инаку типични за мексиканскиот фудбал.


