• Иван Димовски
Австрискиот гигант и втора најтрофејна екипа во Бундеслигата, Австрија Виена е во големи проблеми.
Челниците на лигата не ѝ доделија лиценца за настап во првата лига, поради финансиската нестабилност. Тоа би можело да значи дека екипата која има 24 титули во Бундеслигата, следната сезона нема да игра во елитата на Австрија.
Сепак, Австрија Виена ќе ја оспори и ќе ја обжали одлуката за недоделената лиценца. За тоа, гигантот од оваа земја има 24 часа да ја поднесе жалбата, а останува да видиме каква ќе биде одлуката.