Австриската Бундеслига продолжува кон крајот на мај или почетокот на јуни

Заменикот канцелар и министер за спорт во австриската влада, Вернер Коглер најави дека сезоната на австриската Бундеслига би можела да продолжи на крајот на мај или почетокот на јуни. Коглер рече дека натпреварувањето одлучило за продолжување на сезоната во најкраток можен рок.

„Конечните преговори се интензивираат и убеден сум ќе најдеме решение до среда“, рече Коглер.

Австриското фудбалско првенство е прекинато од 16 март, со воведување ограничувања на слободата на движење и други мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Потребно е да се постигне договор за продолжување на сезоната, тестирање на играчи пред натпреварот и останати мерки за одржување на натпреварувањето.