Младинскиот репрезентативец Методи Максимов, официјално ја продолжува својата кариера како играч на австрискиот ЛАСК од Линц. Се работи за еден од најголемите клубови од тамошшната Бундеслига, а нашиот Максимов потпиша договор со важност до 2028 година.
Австрискиот фудбалер Гуидо Бургшталер е во центарот на вниманието на австриската јавност, но не заради неговите фудбалски квалитети. Бургшталер има сериозни повреди на главата и фрактура на јаболчницата, откако беше нападнат во центарот на Виена.
Австрискиот стручњак Герхард Штрубер и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Ред Бул Салцбург, тим кој ќе игра директно во групната фаза на Лигата на шампионите. Тој на клупата на австрискиот клуб го замени Матијас Џејсле, кој пред неколку дена го презеде Ал-Ахли.
Австрискиот шампион Ред Бул Салцбург денес му ја врачи оставката на тренерот Матијас Џејле поради тоа што, без знаење на клубот, преговарал со Ал-Ахли од Саудиска Арабија.
Ретки се играчите кои покажуваат верност на клубовите кои им се при срцето, а еден од нив е Андреас Улмер, 37-годишниот австриски фудбалер кој е капитен на Салцбург.
Македонскиот фудбалер Анел Селимоски се сели во нов клуб во Австрија и следниот дел од сезоната ќе го мине во второлигашкиот ранг каде ќе игра за Капфенберг.
Екипата на Хартберг со голема победа над Рапид Виена (0-2) ја отвори сезоната, арно ама еден од играчите на гостите нема по добро да го памети овој дуел затоа што го промаши невозможното.
Младиот македонски фудбалер Филип Антовски ќе се пресели во екипата на Австрија Виена. Тој ги задоволи очекувањата на австрискиот гигант на пробата на која се појави неодамна.
Момчето кое го презеде приматот во нападот на Салцбург по заминувањето на Ерлинг Халанд, Патсон Дака игра во луда форма и може да се каже дека добро ги следи стапките на Норвежанецот.
Додека фановите ширум светот чекаат на позитивни вести за „зелено светло“ за враќање на навивачите на фудбалските терени, од Австрија стигнуваат вести за нови рестрикции.
Салцбург граби кон уште една титула во австриската Бундеслига. Победата од 2-7 синоќа во Виена против Рапид широко им ги отвора „вратите“ кон одбрана на тронот. Сепак, натпреварот ќе се памети по едно неповторливо ремек дело меѓу деветте погодоци.
Фудбалерите на Салцбург играат неверојатно по рестартот на фудбалот во Австрија. Овојпат жртва на разиграниот состав беше ЛАСК Линц кој загуби со 3-1 во 26. коло на Бундеслигата. Одново и на оваа средба блесна Доминик Собослај кој покрај погодокот запиша и две асистенции зад своето име, по хет-трикот против Штурм минатото коло.
Паузата поради коронавирусот им направи услуга на играчите од Салцбург кои како најголем победник се вратија на фудбалот во Австрија. ЛАСК беше казнет и му беа одземени шест бодови, што значеше значителна предност за ривалот.
Волфсбергер на реактивацијата на австриската Бундеслига дојде до победа на гости кај Штурм Грац (1-3), а првиот гол за гостите беше вистинско ремек-дело за најавните шпици.
Прв натпревар по рестартот на фудбалот во Австрија и веднаш трофеј. Салцбург е освојувач на Купот на Австрија во фудбал, откако во нерамноправно финале на „Вортерсе Арена“ во Клагенфурт, го декласира второлигашот Австрија Лустенау со 5-0 (2-0).
Лидерот во австриското првенство, ЛАСК Линц тренираше за време на пандемијата предизвикана од коронавирусот, иако беше забрането. Сега, клубот се соочува со тешка казна која ќе ги симне од врвот на Австрија.