Тимот на нашиот Ванче Шиков, Австрија Виена се пласира во четвртфиналето на Купот на Австрија, по победата над тимот на Алтач со 2-1. Нашиот репрезентативец го одигра целиот натпревар и притоа ја носеше капитенската лента. Следен противник во Купот на Австрија е тимот на Сент Полтен, член на втората австриска лига.