• Саше Љолес
Репрезентацијата на Австрија исчекори кон првото место во третата група од Б сегментот во Лигата на нации, откако попладнево славеше на гостувањето кај Казахстан со сигурни 0-2.
Баумгартнер и Грегорич беа творците на триумфот со по еден гол во првото полувреме, сосема доволно за освојување на целиот плен и вкупно 10 бода на табелата. Казахстан имаше свои шанси и можеше да внесе поголема неизвесност, но не успеа да постигне ниту почесен погодок пред своите гледачи.
Норвешка и Словенија имаат по седум бода во оваа конкуренција, а нивниот дуел ќе се одигра во терминот од 20:45 часот.