Австриец на центарот во Скопје за дуелот против Бугарија

Јулиан

Македонската фудбалска репрезентација во последните две кола од Лигата на нации атакува на две победи, за да може да се надева на прво место во групата.

Нашиот национален тим веќе е во Тбилиси, каде ќе се надигрува со Грузија. Три дена подоцна следува последното коло. Македонија ќе биде домаќин на Бугарија, против која одигравме нерешено на првото соочување во Разград.

Австриецот Јулијан Вајнбергер ќе застане на центарот на „Тодор Проески“. Помошници ќе му бидат сонародниците Максимилијан Колбич и Мајкл Обрицбергер.

Избраниците на Благоја Милевски имаат тешка задача пред себе. За победите ќе се борат без неколку првотимци, што дополнително ја отежнува ситуацијата во финишот од групната фаза во Лига Ц.