Австралија се повлече, остана само една кандидатура за домаќинство на СП 2034

Дали се наѕира домаќинот на Светското првенство во 2024 година? Австралија одлучи да не поднесува кандидатура за домаќинство на Светското првенство во 2034 година и со тоа до овој момент има само една кандидатура.

„Ја испитавме можноста да поднесеме понуда за домаќин на Светското првенство во фудбал и, земајќи ги предвид сите фактори, решивме да не го сториме тоа “, се вели во соопштението на Австралискиот фудбалски сојуз.

Саудиска Арабија претходно поднесе кандидатура е за домаќин на Светското првенство во 2034 година и сите шпекулации велат дека тие и ќе го добијат настанот.

Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, а во 2030 година домаќини на турнирот ќе бидат шест земји: Уругвај, Аргентина, Парагвај, Мароко, Шпанија и Португалија.