ВИДЕО: Австралија подобро шутираше пенали од Перу и „чекира“ билет за СП!

Репрезентацијата на Австралија е претпоследниот патник на Светското првенство во Катар. Земјата на кенгурите во интерконтиненталниот бараж славеше против Перу по подобро изведување на пенали со 5-4 (0-0). Во натпревар без ритам, со многу прекини и тактизирање, Австралија на крајот подобро шутираше од 11 метри. 

Двете селекции во овој натпревар во Катар влегоа максимално претпазливо. Влогот беше огромен, а тоа ги натера Арнолд и Гарека да размислуваат повеќе на дефанзивниот пристап. Првиот дел мина без ниту една шанса, голманите беа без работа и разврската се бараше во продолжението. Иако имаше по некоја шанса во вториот дел, Куева од Перу и Хрустиќ од Австралија не успеваа да го пронајдат патот до мрежата. 

Натпреварот дојде до продолженијата, темпото на игра одново опадна и се продолжи тактичкото надмудрување. Перуанците беа поконкретни и поблизу до погодок, Кристијан Куева и Едисон Флорес се обидоа да ја стресат мрежата на Австралија, ама безуспешно.

Натпреварот влезе во пенал-серијата. Австралија тргна со промашен пенал креку Бојл, а следеше серија од четири гола пред Адвинкула од Перу да не реализира. Хрустиќ, Макларен и Мабил за Австралија, Тапиа и Флорес за Перу беа следните стрелци, додека трагичар на Јужноамериканците беше Валера, чие промашување ги чинеше место на Мундијалот. 

  • Пенал-рулетот меѓу Австралија и Перу:

Австралија патува на Светското првенство во Катар, ќе се натпреварува во групата Д со Франција, Данска и Тунис.