• Горан Упале

Селекцијата на Аргентина има водство од 1-0 во осминафиналната средба со Австралија, а стрелец на голот е кој друг ако не Лионел Меси.
Асот на ПСЖ својот трет гол во Катар го постигна по одлична тимска акција и на додавање на Отамнеди во свој стил го совлада Рајан.
- Голот на Меси против Австралија:
Меси својот 1.000 меч во кариерата го зачини со значаен погодок, но сигурно ќе биде многу позадоволен доколку на крај неговата селекција ќе слави победа и ќе се пласира во четвртфиналето.