• Иван Димовски

Македонскиот фудбалер за врска, Даниел Аврамовски и официјално беше промовиран и стави потпис на тригодишен договор со турскиот тим Кајзериспор.
Клубот организираше заедничка презентација на сите засилувања, меѓу кои и поранешниот играч на Вардар, кој во наредните три сезони ќе игра во турската Суперлига. Освен него, најзвучно име без сомнение е Арон Ленон, кој доаѓа од Премиер лигата, а играше за Тотенхем, Лидс, Евертон и Барнли.
Аврамовски и Ленон беа промовирани заедно со Харисон Манзала, Димитриос Коловециос, Јав Ацка, Јозеф Атамах, Илхан Депе, Муждат Челик и Вилфрид Канга.
Фудбалерот кој со одличните настапи за Вардар заработи и репрезентативен повик, претходно во кариерата играше за Работнички, Македонија ЃП, Црвена Звезда, ОФК Београд, Олимпија Љубљана и Војводина, а сега ќе се бори за место во тимот на Кајзериспор.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.