Аврамовски „преживеа“, Велкоски е вишок кај новиот тренер и си заминува од Сараево

Босанскиот прволигаш ги стартуваше подготовките за новата сезона, а новиот тренер на тимот Феѓа Дудиќ ги отвори картите и ги соопшти плановите за во иднина.

На првата прозивка беше претставен планот на активности за следниот период, а на одреден број фудбалери им беше кажано да нема да семта на нив во претстојната сезона. Раководството на клубот во наредните денови ќе разговара со нив за да се најде најдоброто решение за спогодбен раскин на соработката

Меѓу прекубројните на наследникот на нашиот стратег Александар Васоски се најде и искусниот македонски напаѓач Крсте Велкоски. Капитенот на „бордо“ тимот ќе мора да менува средина ова лето, откако му беше соопштено дека Дудиќ нема да смета на него во претстојната сезона. 34-годишниот напаѓач од 2017 година е дел од Сараево, а во последните две сезони ја имаше таа чест да биде капитен.

За разлика од Велкоски, вториот Македонец кој што ги брани боите на Сараево, Даниел Аврамовски „преживеа“ и останува во тимот и во новата сезона.