Аврамовски: Овој пораз нема да ја урне самодовербата на Вардар

Даниел Аврамовски, еден од најдобрите играчи на Вардар оваа сезона, по поразот од Струга Трим Љум (2-1) истакна дека тимот ќе остане ментално силен и понатаму и дека нема да дозволи првиот неуспех по 12 меча да ја разниша атмосферата.

„Одигравме добар натпревар иако резултатот не го покажува така. Имавме прилики на 0-0 и на 1-0 кои мораше и требаше да ги искористиме. Не паѓаме, имаме голема самодоверба во екипата и верувам дека ќе ги искористиме шансите на следниот натпревар“, изјави Аврамовски.

Вардар е лидер во Првата македонска фудбалска лига пред Академија Пандев, а во наредната рунда ќе биде домаќин во градското дерби со Шкупи.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 14 9 3 2 20:6 14 30
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 14 7 5 2 16:5 11 26
3 ШкендијаШкендија 1 14 6 3 5 17:8 9 21
4 СилексСилекс 1 14 7 0 7 15:16 -1 21
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 14 4 6 4 14:14 0 18
6 ШкупиШкупи 3 14 4 6 4 14:12 2 18
7 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 14 5 3 6 13:18 -5 18
8 РеноваРенова 14 4 3 7 11:19 -8 15
9 БорецБорец 14 4 3 7 11:23 -12 15
10 РаботничкиРаботнички 14 3 2 9 10:20 -10 11