ВИДЕО: Аврамовски не можеше ниту да замисли за ваков деби гол за Сараево! 

Македонскиот фудбалски интернационалец Даниел Аврамовски продолжува со позитивните игри во дресот на Сараево. Искусниот офанзивец по неколкуте запишани асистенции го постигна и деби-голот во дресот на новиот клуб, каков што сигурни не можеше ниту да замисли. 

Во 28. минута од Куп-натпреварот со Игман, поранешниот ас на Вардар најдобро се снајде во една мешаница пред противничкиот гол и со гради од непосредна близина ја смести топката во празната мрежа.

  • Голот на Аврамовски за Сараево:

До крајот на натпреварот Сараево постигна уште еден погодок и е многу блиску до пласман во финалето во Купот.