Аврамовски му се приклучи на Сараево во Рогашка Слатина

Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски повторно е во стројот на Сараево и ќе конкурира за натпревари.

27-годишниот играч од средниот ред имаше ситна повреда поради која беше надвор од терените скоро две седмици. Но, сега тој ја надмина и се приклучи на „бордо“ клубот во Рогашка Слатина, каде се одработува главната фаза.

Даниел Аврамовски и покрај заминувањето на Крсте Велкоски од тимот ќе има македонско друштво во Сараево оваа сезона, затоа што потпис на договор стави дефанзивецот Влатко Дробаров.

Минатата сезона екипата од главниот град на БиХ ја водеше Александар Васоски, но не успеа да го дочека крајот на сезоната и си поднесе оставка. Сараево остана без трофеј во Купот, а одигра и скромен шампионат на својата земја.