• Сашо Поповски

Даниел Аврамовски по подолго време одново се врати во конкуренција за екипата на Кајзериспор, која денес славеше на гостувањето кај Денизлиспор.
Македонскиот фудбалер играше до самата завршница, кога го замени Мануел Фернандеш на 15 минути до крајот од натпреварот.
Турскиот клуб му ја активира лиценцата, која му беше суспендирана од пред три месеци. Неговиот тим направи трансфери на повеќе странски имиња од дозволеното во Супер лигата, па се претпоставуваше дека 25-годишникот ќе биде „жртва“.
- Извештај од натпреварот:
Ова беше прв настап за Аврамовски во дресот на Кајзериспорт, со оглед на тоа што во тимот пристигна повреден од редовите на Вардар.