Аврамовски ја напушта Олимпија и е пред потпис со Вождовац

Поранешниот македонски репрезентативец, Даниел Аврамовски, многу веројатно ја завршува својата авантура во Олимпија Љубљана и својата кариера повторно ќе ја продолжи во српскиот шампионат. 

Некогашниот член на Црвена Звезда пред една и пол година ги напушти редовите на „црвено-белите“ и се пресели во Словенија, но таму не се покажа во првата сезона и оваа есен беше пратен на позајмица во Војводина. 

Како што пренесуваат српските медиуми, 23-годишниот напаѓач на маса имал неколку понуди, а според последните информации најблиску до неговиот потпис е тимот на Вождовац.