Аврамовски има ситна повреда, во стројот на Сараево се враќа за десет дена

Екипата на Сараево со убедлива победа над црногорска Истра ги започна подготовките за новата сезона. „Бордо“ тимот од Босна и Херцеговина на првиот тест славеше со 7-1, а новиот тренер на тимот, Феѓа Дудиќ за овој дуел го немаше на располагање нашиот фудбалер Даниел Аврамовски.

Повремениот македонски репрезентативец има ситна повреда и на тренинзите на тимот ќе им се врати за десет дена.

„Аврамовски има ситна повреда и сè уште не е подготвен за игра. Го очекуваме за седум до десет дена“, рече Дудиќ.

Сараево во новата сезона во своите редови ќе има само еден Македонец, откако искусниот Крсте Велкоски се раздели со тимот каде што беше капитен во последните сезони.