ВИДЕО: Аврамовски човек на одлука, Сараево од 0-2 до победа во Тузла!

Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски беше човек на одлука, бидејќи го постигна одлучувачкиот погодок за Сараево во гостинската победа над Слобода Тузла (2-3). Домаќините поведоа во првиот дел преку Бекиќ со 2-0, меѓутоа со „блиц-криг“ Зиљкиќ и Цатаковиќ вратија на егал. 

Долго време се играше со нерешен резултат, за потоа во 73. минута Аврамовски да го одлучи мечот, три минути откако влезе во игра. Офанзивецот одлично следеше акција, па по една одбиена топка налета на неа и ја смести во мрежата. 

За Аврамовски ова е прв погодок сезонава во првенството на Босна и Херцеговина, а во минатото коло впиша и една асистенција.