• Горан Упале
Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски го одигра најдобриот натпревар во дресот на новиот клуб – Сиваспор.
Искусниот офанзивец летово промени клуб во Турција и во третиот натпревар за првпат се запиша во листата на стрелците. На дуелот против Адана некогашниот репрезентативец на Македонија постигна два супер-гола. Деби-голот го запиша во првото полувреме, по една одлична соло, акција, додека вториот го постигна со глава на асистенција на уште еден македонски фудбалер Валон Етеми.
- Головите на Аврамовски:
Но, Аврамовски не го заврши натпреварот, затоа што веднаш по вториот погодок се здоби со повреда и мораше да биде заменат.

