• Иван Димовски

Фудбалерите на Унион Берлин стигнаа до трето славје во низа во сите натпреварувања, откако победија на гостувањето кај Мајнц со 1-2 (1-0). Пресметката од седмото коло на Бундеслигата на „Мева Арена“ понуди водство на домаќинот, но и пресврт режиран од Таиво Авониџи.
- Извештај од натпреварот:
Мајнц успеа прв да го отвори резултатот, непосредно пред полувремето со Унион. Маркус Ингвартсен реализираше по добра асистенција од Онисиво, за во 39. минута на семафорот да стои 1-0 за домашните фудбалери.
Унион заигра подобро во продолжението, но на израмнувачки гол чекаше до 69. минута. Макс Крузе му асистираше на Таиво Авониџи кој го матираше голманот Зентнер за 1-1. Само четири минути подоцна, истиот фудбалер со својот втор погодок го комплетираше пресвртот на Унион. Авониџи по проигрување од Бехренс стрелаше за 1-2.
Домаќинот беше во незавидна позиција, а во самиот финиш остана и со десетмина на теренот откако Доминик Кор заработи втор жолт картон. За Мајнц ова е втор пораз во низа, додека за Унион второ последователно славје во германската елита.