„Авионот беше од Полска, се надевам пилотот не е Израелец... а багажот уште го нема!“

Матјаж Кек пред медиумите беше расположен за шега и покрај проблемите со кои се соочи при транспортот на словенечката репрезентација од Љубљана во Скопје. Прво, авионот кој беше од Полска не полета поради технички проблеми, а потоа тимот остана и без багажот.

Проблеми со климата беа причината зошто летот од Љубљана кон Скопје доцнеше. Тоа создаде нервоза кај Кек, но на прес-конференцијата тој се шегуваше на новинарско прашање и истакна дека Полјаците не им враќаат затоа што ги победиле во претходната рунда, а истовремено го спомена и Израел исто како претходен ривал на „змаевите“.

„Интересно е што патувавме во Македонија, авионот кој ни доцнеше беше од Полска, а се надевам дека пилотот не е од Израел. По десет години сум пак во Македонија, не верувам во саботажа или нешто слично. Ние, сепак, не сме туристи, ако некому му треба парче облека ќе му го дадам. Багажот што ни исчезна при транспортот уште не сме го добиле“, изјави Кек.

Словенија пред натпреварот со Македонија ќе одработи само еден тренинг, оној официјалниот, а дуелот е закажан в четврток од 20:45 часот.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 8 6 1 1 13:2 11 19
2 АвстријаАвстрија 8 5 1 2 17:7 10 16
3 МакедонијаМакедонија 8 3 2 3 10:11 -1 11
4 СловенијаСловенија 8 3 2 3 13:8 5 11
5 ИзраелИзраел 7 2 2 3 12:14 -2 8
6 ЛетонијаЛетонија 7 0 0 7 1:24 -23 0